Вардарски Рид е централниот простор во гевгелиско, на кој континуирано се живеело во текот на повеќе од 1000години, од крајот на бронзеното време (XIII век пред н.е.) до доаѓањето на Римјаните (II-I век пред н.е.). Низ шестпоследователни населби, почнувајќи од мала праисториска населба на Ридот 1, во текот на V и IV век пред н.е. израсналстаромакедонскиот град - античка Гортинија, град посведочен во историските извори како еден од центрите на АнтичкаМакедонија. По прекин на населбата повеќе од 1000 години, во полниот среден век (ХI-ХIII век н.е.), секторот некрополаповторно се користел за погребување на населението од Вардарски Рид. Откриените наоди на шестте од истражуванитесектори претставуваат остатоци од старомакедонскиот град кој постоел (V-I век пред н.е.), а во секторот ’’Некропола’’ сепогребувања од најстарата - иницијална населба од крајот на бронзеното доба (XIII век пред н.е.) и од најмладиотсредновековен хоризонт.