Отворена е специјализирана продавница за продажба на сувенири на граничниот премин“Богородица“–Гевгелија. Во продавницата ќе се продаваат комерцијални копии и сувенири со мотиви одкултурното наследство на Република Македонија.Тоа е туристички информативен центар од каде што сите посетители ќе можат да купат автентиченмакедонски сувенир и да добијат туристички информативен материјал.Тука може да се купат копии од музејските експонати што ги поседува Национална установаМузеј–Гевгелија, посебно експонати од археолошкиот локалитет на Вардарски Рид.Сувенирите се изработени од печена глина, гипс, бронза, сребро и сертификат, кој е доказ за нивната веродостојност.Продавницата истотака нуди и голем избор на книги и каталози.