Објаснување за присуството на мошне рани траги од културно-историскиот развој на Гевгелиско-валандовската котлина  треба да се бара во оптимално поволните географски и климатски карактеристики на регионот.  Двете плодородни  рамнини на Гевгелија и Валандово, природната трансверзала југ-север, која минува низ нив следејќи го течението на  реката Вардар (Аксиј), рудните богатства и благопријатната клима, се главни фактори за нивната континуирана културна  експанзија. Пошироката рамка на географскиот дистрикт - која на север се затвора со Демиркаписката клисура, а со  широкиот слив на Вардар на југ се отвора кон Термајскиот Залив, го условила општоприфатениот термин за регионот,  како Долно Повардарје. Материјалните и духовните вредности на праисторискиот и историскиот културен развој, брзо и  динамично се ширеле преку овој специфичен простор. Неколку артефакти, типични за помладото камено време  (неолит), од околу 4500-та година пр.н.е., засега претставуваат најрани докази за опстојување и делување на  праисторискиот човек, бидејќи остатоци од постарото камено време (палеолит) се уште не се пронајдени.  Географската отвореност на Долното Повардарје кон југ, како и природните комуникациски врски на регионот што водат  од исток, ги условиле правците по кои продирало влијанието на неолитската култура, ширејќи се кон северозападните и  други делови на земјата. Во рамки на општата геоморфолошко-регионална поделба на неолитските култури во  Македонија (Источна Македонија, Пелагониска котлина, Вардарска долина), Гевгелиско-валандовскиот регион е најслабо  истражен.  Локалитетот "Атици" (с.Црничани, Нов Дојран) засега е првото наоѓалиште на кое се вршени археолошки истражувања  на културен хоризонт од помладото камено време. Тука се пронајдени фрагменти од куќен лепеж, односно остатоци од  живеалишна архитектура, кои ја прават оваа неолитска населба примамлива за натамошни истражувања. Репертоарот  на регистрираните наоди, меѓу кои има камени мелници, камени секири, сечила од кремен, како и бројни фрагменти од  керамички садови, хронолошки ја детерминира оваа населба во доцниот неолит, со припадност на културната група  Анзабегово-Вршник IV.  И на локалитетот "Вардарски Рид" кај Гевгелија, во содржината на истражуваниот културен хоризонт од VI-IV милениум  пр.н.е., дефиниран како населба од неолитско време В.Р.I., забележани се остатоци од куќен лепеж, фрагменти од  керамички садови и мазнети камени секири. Овој пункт, лоциран во седлото помеѓу двете возвишенија на ридот и  отворен кон исток, односно кон десниот брег на Вардар, во голема мерка е девастиран од гардежни работи. Но, случајни  наоди на неолитски артефакти без археолошки контекст (камени секири, фрагменти од грнчарија) се регистрирани и во  други делови од археолошкиот локалитет Вардарски Рид. Откривањето и научното вреднување на неолитската населба  која постоела на Вардарски Рид, секако е предизвик за идните проучувачи на младото камено време во Гевгелиско-  валандовскиот регион и пошироко во Македонија.  Селектиран археолошки материјал од овие две неолитски наоѓалишта ... 
Бронзена чаша  Постари "македонски" бронзи. Бронзена чашка во форма на " афионова " чушка, составена е често од три елемента: Капак со вертикален држач, бронзено сферно монисто и тело (стомак). На двата примерока од Сува Река и Бишов Јавор,на капакот, ободот и дното на телото фланкирани се птичии протоми. Овие постари форми на "Македонски" (Пајонски) бронзи, од периодот на развиеното железно време, VII - VI век пр.н.е., имале култен карактер, па често се идентификувани и како "култни" бронзи. Култниот карактер не го одредува само формата и местото на носење, туку и неговата содржини во која се регистрирани морфини - афионов катран. Тој секако ја имал клучната улога во култниот ритуал, иако неговата поблиска функција се уште не е задоволително дефинирана. Во рамки на "гевгелиската" културна група од железно време, наодите од овој тип се чести на некрополите, така да покрај овие две, пронајдени се нови примероци во гробните прилози на некрополата Болован - Богданци.
Археологија - Праисториска збирка   
Хусеновски Бобан, Водич низ постојаната археолошка поставка, 2005
Одделение
Археологија
Праисториска збирка
Почеток Почеток Музеј - Гевгелија Музеј - Гевгелија Одделение Одделение Оддели Оддели Музејска продавница Музејска продавница Амам Амам Контакт Контакт Настани Настани Публикации Публикации Линкови Линкови Национална Установа  Музеј - Гевгелија National Institution Museum - Gevgelija Национална Установа Музеј - Гевгелија                                                                                                    desing by gorge12