Во продавницата посетителите ќе може да купат копии од артефакти од богатото културно наследство на Р. Македонија, а меѓу нив и автентични од археолошките локалитети на градот Гевгелија.Ваков објект е од големо значење за сите што доаѓаат во оваа туристичко место да се запознаат со нашето културно наследство и со себе да понесат вреден сувенир. Копиите што ги нуди НУ Музеј Гевгелија се со сертификат, кој е доказ за нивната веродостојност. Продавницата исто така нуди и голем избор на книги и каталози. Со продавницата стопанисува Национална установа Музеј - Гевгелија. Ова сувенирница е отворена во центарот на Стар Дојран до автобуската станица .