Уметничка галерија - Амам
Амам
Галерија АМАМ Уметничка Art Gallery AMAM Почеток Почеток Музеј - Гевгелија Музеј - Гевгелија Одделение Одделение Оддели Оддели Музејска продавница Музејска продавница Амам Амам Контакт Контакт Настани Настани Публикации Публикации Линкови Линкови
Амам Единствениот зачуван објект од Отоманската архитектура во Гевгелија, од крајот на XIX  век, е градскиот Амам. Објектот е ставен под заштита на државата (Решение бр. 08-2304/2 од  31.12.2003 год.), врз чија основа е прогласен за Споменик на културата.  Идеата за реконструкција и ревитализација на овој објект, беше присутна повеќе  децении, помеѓу пошироката културна јавност во Гевгелија. Со изработката на Главниот проект  во 1993 год., а подоцна и Анексот на главниот проект од страна на д.и.а. Мирјана Димовска-  Чоловиќ, се трасира патот за реализација на оваа дамнешна желба. Во недостаток на други  извори на финансирање на проектот, во 2004/05 год., по воспоставување на контактот со  градоначалникот на општина К’рач (денес Есенјурт) во Истанбул (Р.Турција), г-дин Хамит Ончу  и кругот на неговите блиски соработници, се создаде клима за финансирање на овој проект од  нивна страна. Кон реализацијата на проектот се вклучи и Локалната самоуправа на општина  Гевгелија, што беше пресудно за почетокот на реализацијата на проектот. Кон крај на 2006 год.,  градежните работи на самиот објект и анексот беа финализирани. Недостатокот на  материјални средства за поставување на метална (бакарна) оплата врз куполите на амамот, се  реализира нешто подоцна, во текот на 2011/12 год., кога повторно Локалната самоуправа на  општина Гевгелија, обезбеди средства за завршеток на овој проект.    По планираното внатрешно уредување, Амамот конечно би можел да се трансформира  во Уметничка галерија, чија основна дејност би била фокусирана кон презентација и  популаризација на гевгелиската современа ликовна уметност.     
Амам Амам Национална Установа Музеј - Гевгелија                                                                                                    desing by gorge12