Афродита,
мермер,скулптура
Постамент со правоаголен облик претставена е стоечка фигура на божицата застаната на десната нога, а
левата благо свиткана во коленото е испружена напред. Облечена е во долг хитон со врвки, двојно
препашан високо под градите, а одоздола носи туника чии ракави се наборани и украсени со кружни копци.
Деловите на хитонот до рацете се извлечени и префрлени преку појасот. На долниот дел хитонот паѓа во
длабоки и ситни набори, истакнувајќи ја незначително свитканата лева нога. Химатионот е префрлен преку
рацете и оди околу грбот, каде што слободно паѓа. Десната рака со испружени три прста е положена на
колкот, а левата која недостасува била испружена напред. Косата претставена со ситни прамени е
разделена на средина и заврзана високо над челото формирајки два кока, со слабо нагласена лента -
тенија во неа. Главата благо свртена на лево со погледот надолу. Очите се бадемасти, носот правилен, а
усните мали со блага насмевка на нив. ΙV век пр.н.е. Вардарски Рид VI, Гевгелија 242, инв.бр. 3375 НУМГ
(Сламков Е., Уметноста на Вардарски Рид, каталог, Гевгелија, 2004)
Археологија - Античка збирка
Одделение
Археологија
Античка збирка
Автор: Хусеновски Б. и Сламков Е.
Опис: Водич, 15 х 24 см,
116 страни,
Македонски, англиски
ISBN 9989-2270-3-8
Гевгелија, 2005
Цена: 600 ден.