Во Одделот за документација се води основна музејска евиденција и музејска
документација. Одделот за документација опфаќа прибирање,
систематизирање и депонирање на целокупната документација (дескриптивна,
фото и техничка).
Стручната обработка на музејскиот материјал се врши во рок од една година од
денот на неговото запишување во влезната книга до денот на неговото
евидентирање во инвентарната книга.
НУ Музеј - Гевгелија води oсновна музејска евиденција:
1. Влезна книга на музејскиот материјал,
2. Книга на инвентар на музејските предмети,
3. Излезна книга на музејскиот материјал и музејските предмети,
4. Книга за изложби,
5. Каталог на музејски предмети
6 Картотека на музејски предмети.
Евидентирањето на предметите се води во електронски облик преку соодветна
компјутерска програма со цел поголема ефикасност во складирање и
обработка на податоците.
Раководителите во Одделот за документација учествуваат и се дел од работата
на стручни тимови во теренски истражувања, во изработка на теренска
техничка, фото документација и цртежи на предмети.
Оддели
Музејска документација
Оддел за музејска документација и стручно технички работи
Македонски штит, дигитален цртеж
Кратер,Вардарски Рид,молив
Теракота,Вардарски Рид,молив
Рељефна чаша,
Вардарски Рид,
молив