Бронзена чаша
Постари "македонски" бронзи.
Бронзена чашка во форма на " афионова " чушка, составена е често од три елемента: Капак со
вертикален држач, бронзено сферно монисто и тело (стомак). На двата примерока од Сува Река и
Бишов Јавор,на капакот, ободот и дното на телото фланкирани се птичии протоми. Овие постари
форми на "Македонски" (Пајонски) бронзи, од периодот на развиеното железно време, VII - VI век
пр.н.е., имале култен карактер, па често се идентификувани и како "култни" бронзи. Култниот
карактер не го одредува само формата и местото на носење, туку и неговата содржини во која се
регистрирани морфини - афионов катран. Тој секако ја имал клучната улога во култниот ритуал,
иако неговата поблиска функција се уште не е задоволително дефинирана. Во рамки на
"гевгелиската" културна група од железно време, наодите од овој тип се чести на некрополите, така
да покрај овие две, пронајдени се нови примероци во гробните прилози на некрополата Болован -
Богданци.
Археологија - Праисториска збирка
Хусеновски Бобан,Водич низ постојаната археолошка поставка, 2005
Одделение
Археологија
Праисториска збирка
Автор: Хусеновски Б. и Сламков Е.
Опис: Водич, 15 х 24 см,
116 страни,
Македонски, англиски
ISBN 9989-2270-3-8
Гевгелија, 2005
Цена: 600 ден.